
Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Кевин Де Брујне, верува дека еден од главните проблеми во италијанскиот фудбал е недостатокот на доверба во младите играчи.
– Мора да им дадете шанса на младите играчи. Кога пристигнав, мислев дека Вергара има 18 години… но тој има 23 години. Во Белгија или Англија, веќе сте стартер на 18 години. Во Италија, филозофијата е поинаква. Тој само треба постојано да се подобрува и да игра, игра, игра. Се снаоѓа многу добро и ќе ни биде од голема помош, го цитира „Кориере дело Спорт“ Де Брујне.
Дваесет и тригодишниот Антонио Вергара одигра 19 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона, постигнувајќи три гола и четири асистенции

Македонски


