
Одбојкарската репрезентација на Полска ја одбрани титулата во Светската Лига на Нации откако во финалето денеска ја совлада селекцијата на САД со 3-2 во сетови (25:21; 23:25; 25:27; 25:23 и 15:10). Ова за Полска е третата титула во ова натпреварување, а Американците по четврти пат во финалето се совладани. Полските одбојкари се најуспешните со три титули, додека Русија и Франција имаат по 2, а Бразил една титула.
Во финалето Полска поведе со 1:0, но селекцијата на САД успеа да направи пресврт и да дојде до водство од 2:1 во сетови. Сепак полската репрезентација откако изедначи на 2:2, во решавачкиот сет на доминантен начин успеа да стигне до победата.
Во дуелот за третото место Словенија ја совлада Јапонија со 3:1 во сетови.
Победникот во ова натпреварување освои и награда вредна еден милион долари.

Македонски


