
Идејата на претседателот на ФИФА Џани Инфантино не доби поддршка, па така нема да има ништо од планот за продажба на делот од Светското првенство на приватни инвеститори. Оваа негова идеја наиде на сериозен отпор од неколку конфедерации пред сè од УЕФА.
Но, како минуваат деновите и Инфантино се откажа од идејата.
Новинарските истражувања дојдоа до неверојатна информација дека ако се реализирал овој негов план, платата на Инфантино би изнесувала околу 30 милиони евра годишно, што е огромно зголемување во однос на сегашните три.
Пред воопшто да се гласа за предлогот четири од шесте континентални конфедерации се изјаснија дека се против било какви промени, а единствено Африканската конфедерација (CAF) дала „зелено светло“.
По ваквиот расплет на околностите сега со уште поголемо внимание ќе се очекуваат следните избори за претседател на ФИФА, кои треба да се одржат во март 2027 година во Мароко.

Македонски


