Skip to main content

По УЕФА и КОНФАКАФ го одби предлогот на Инфантино за приватен Мундијал

Фудбалот е на работ на најголемата војна во историјата. По информациите за намерата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да започне проект и да продаде дел од сопственичките права врз Светското првенство на приватни инвеститори, имаше жесток одговор од Северна и Централна Америка, како и од Азија.

Конфедерацијата КОНКАКАФ, која собира 41 национална асоцијација, одржа вонреден итен состанок на кој едногласно и остро го отфрли предлогот на Инфантино, со што испрати порака дека фудбалот не смее да стане играчка во рацете на приватниот капитал.

Во официјалното соопштение на КОНКАКАФ, се нагласува дека фудбалот е на прво место, потсетувајќи на темните периоди во минатото на светската куќа на фудбалот:

instagram.com/fifaworldcup/

КОНКАКАФ е конфедерација обединета од љубовта кон нашата игра, каде што фудбалот е секогаш на прво место. Водени од оваа филозофија во текот на изминатите десет години, изградивме организација од темел заснована на служба на спортот, транспарентно управување и долгорочно зачувување на фудбалот. Историјата им покажа на ФИФА и на фудбалското семејство што се случува кога чуварите на играта ќе ги изгубат од вид тие вредности.

Причината за незадоволството не е само самата идеја за продажба на највредното фудбалско натпреварување, туку и начинот на кој претседателот на ФИФА се обиде да го протурка овој проект – надвор од официјалните органи и под вештачки наметнат временски притисок.

Имајќи го ова предвид, КОНКАКАФ свика состанок на претседателите на своите 41 национални асоцијации, заедно со својот претседател, членовите на советот и неговите претставници во Советот на ФИФА, за да разгледаат предлог изготвен и презентиран од претседателот на ФИФА за основање на „ФИФА Форвер Ентерпрајз“ и продажба на удел во Светското првенство на ФИФА на приватни инвеститори.

Поврзани вести