Skip to main content

Почина Стојан Здравевски – Столе, член на групата „Боеми“ од Битола

На 63 годишна возраст почина Стојан Здравевски – Столе, член на групата „Боеми“ од Битола.

Негов инструмент беше кларинетот и вокалното пеење. На почетокот на неговата кариера учествуваше во музичката групата „Боцкин“, а од 1989 година Столе заедно со Тони, Панскиот, Ѓершано и Стево ја формираа групата „Боеми“. Од тогаш па се до неговата смрт беше незаменлив член на групата „Боеми“ со која има испеано бројни композиции и учествувано на многу фестивали.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре (1 август) во храмот „Св. Димитриј“ од 11 до 13 часот. Погребот ќе биде изведен во старите Светонеделски гробишта.