
Двајца малолетници се начекани како управуваат автомобили во текот на вчерашниот ден.
Прво утрото во 09:20 часот во с.Јегуновце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од с.Радуша. Претходно, тој без возачка дозвола управувал патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки и излетал од патот. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Ноќва, пак, во 01:10 часот во с.Морани, скопско, полициски службеници лишиле од слобода 17-годишник од с.Добрино, општина Зелениково. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. Известен е јавен обвинител за малолетници, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонски


