
Водата во Скопје е безбедна за пиење, информира ЈП Водовод и канализација Скопје, нагласувајќи дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Од Јавното претпријатие нагласуваат дека денеска од страна на Сектор – Санитарна контрола при се земени 42 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои четири примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
Мониторингот, додаваат од ЈП Водовод и канализација Скопје се работи согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр.183/2018 (Прилог 2, Дел Б).
Примероците се земени согласно метода MKC ISO 5667-5 Земање на примероци – Дел 5: Упатство за земање на примероци вода за пиење од пречистителни станици и водоводни дистрибутивни системи. На сите примероци ќе им биде изработена физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр.183/2018 (Прилог 4,Основен преглед-А) во акредитираните лаборатории при Сектор Санитарна контрола согласно ISO 17025:2018. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење(Службен весник на РМ, бр.183/18) – нагласуваат од ЈП Водовод и канализација Скопје.

Македонски


