Skip to main content

КК Работнички гази се пред себе

Кошаркарите на Работнички продолжуваат со одличните настапи во новата сезона и остварија уште една победа, овој пат над ТФТ Скопјесо конечни 104-84 во натпреварот од осмото суперлигашко коло.

На паузата резултатот гласеше 47-34, а потоа разликата само се зголемуваше и во еден момент изнесуваше огромни 27 поени.

Најдобар поединец во редовите на Работнички беше Виктор Ефремовски, кој  имаше фантастичен учинок од 29 поени, а уште 17 додаде Дамјан Робев.

Кај ТФТ Скопје одново најефикасен беше Секој Сила, овој пат со 26 поени и неверојатни 21 скок.

Поврзани вести