Skip to main content

Алкараз го чека побединикот од мечот Медведев-Зверев во финалето на завршниот Мастерс

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот финалист на завршниот АТП турнир во Торино, откако вечерва го победи Американецот Бен Шелтон во полуфиналниот натпревар со 3-6, 6-3, 7-6(1).

Во неделното финале, Алкараз ќе игра против победникот од дуелот во кој вечерва се среќаваат Германецот Александар Зверев и Русинот Данил Медведев.

Алкараз со петтиот триумф во шестиот меѓусебен дуел со Шелтон дојде на чекор до освојување на АТП финалето, турнир што никогаш во кариерата не го освоил.

Во исто време, со оваа победа, Шпанецот му се реваншираше на Шелтон за поразот на овогодишното изданне на Ју Ес Опен.

Откако се врати на терените по повредата, во последните три месеци, Алкараз загуби само два натпревари – од Шелтон и од Белгиецот Бергс во Шангај. (МИА)

Поврзани вести