
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја постигна и третата победа во групата на завршниот Мастерс и го потврди пласманот во полуфиналето. Тој денеска со 2-0 во сетови (6:4 и 6:1) го победи Италијанецот Флавио Коболи.
Алкараз претходни ги совлада Френсис Тиафо и Данил Медведев, додека Коболи на домашен терен ги загуби трите меча. Изминативе два дена Алкараз беше во центарот на вниманието бидејќи има повреда, па беше неизвесно дали ќе го игра и мечот, но самиот пристап и играта покажа дека е сериозен кандидат за финалето. Сепак, претходно ќе треба утре во полуфиналето да го победи Американецот Бен Шелтон.
Во второто полуфинале ќе играат Александер Зверев и победникот од вечерашниот меч меѓу Данил Медведев и Френсис Тиафо.

Македонски




