Skip to main content

Николоски: Работиме со општина Кисела Вода и Град Скопје да го решиме свлечиштето кај Тефериџ

Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето на патот за Тефериџ во Кисела Вода бидејќи проблемот е комплициран и бара поголема експертиза, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма. 

Николоски нагласи дека тендерот за изведувач се уште трае, по изборот на изведувач ќе започнат да работиме и очекува за година дена да го санираат лизгањето на земјиштето. 

Таму има едно движење на земјиштето кое што е доста комплицирано, многу слично на она со кое што се соочивме на автопатот Кичево и имајќи предвид дека се работи за проблематика којашто е доста сложена, за проблематика каде што е потребна голема стручност, сметавме дека е добро тоа да го преземе Министерството за транспорт, со експертите кои што ги имаме и на тој начин да се санира проблемот. Иако, ако гледате буџетски, тоа не е некој голем проект, повеќе е инжинерски и технички и затоа решивме да го преземеме, затоа што секако експерти коишто се занимаваат со оваа работа има и во Министерството, ги има во Јавното претпријатие за државни патишта и ги консултираме за оваа работа. Во моментов има тендер за избор на изведувач. Ако не се лажам, тоа е 20-ти август. После тоа ние заедно со изведувачот ќе работиме и сум убеден дека проблемот ќе се реши. Многу е важно теренот да е сув, оставаме година дена, но треба да видиме и зимата каква ќе биде, но се претпоставува дека за година дена треба да се заврши  како што треба – истакна Николоски. 

Поврзани вести