Skip to main content

Прегазен 16-годишник во Чаир, се трага по возачот кој избегал

Вчера во 16:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Адем Демачи“ (Втора Македонска бригада) во Скопје, патничко возило удрило во 16-годишен малолетник од Скопје, кој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото.

Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на возилото и возачот, велат од МВР.

Поврзани вести