Skip to main content

Лига на нации: Македонија со Кипар игра на 25 март, реваншот е во Скопје три дена подоцна

ФФМ

По вчерашното извлекување на жрепката во Нион, УЕФА ги одреди и термините за одигрување на бараж натпреварите во сите конкуренции од Лигата на нации.

Македонската фудбалска репрезентација за противник во баражот за опстанок во Б дивизијата ќе игра против Кипар и на првиот натпревар ќе гостува на 25 март, со почеток во 18 часот.

Три денови подоцна на програмата е реваншот во Скопје, а дуелот на Арената „Тодор Проески“ ќе почне во 15 часот.

На 25 и 27 март се играат двата дуели меѓу Белорусија и Израел.

Останатите две средби од баражите за опстанок во Б конкуренцијата меѓу Фарски Острови – Грузија и Естонија – Романија на програмата се на 27 и 30 март.

Поврзани вести