Skip to main content

Премиерот Мицкоски денеска во Делчево

Премиерот Христијан Мицкоски ќе престојува во Делчево, каде што ќе ги посети локациите на два инфраструктурни проекти поврзани со здравството и спортот.

Во рамки на посетата, Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности во Здравствениот дом „Гоце Делчев“, каде што се реализираат работи за подобрување на условите во здравствената установа.

Предвиден е и увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на градската спортска сала, која се наоѓа во населбата Спортско-рекреативен центар.

Двата проекта се дел од инфраструктурните активности во општината, насочени кон унапредување на здравствените услуги и создавање подобри услови за спорт и рекреација на граѓаните.

Поврзани вести