
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година. За предложениот буџет поднесени се 400 амандмани од овластени предлагачи.
На вчерашниот прв ден од амандманската расправа беа разгледани и отфрлени околу 30 амандмани поднесени од опозициските партии. Најголем дел од разгледаните амандмани предвидуваа зголемување на финансиски средства за електронско следење на насилниците и за систем за предупредување на жртвите, за поддршка на меѓуетничките односи и правична застапеност, како и за унапредување и модернизација на собранискиот канал, за набавка на систем за џи-пи-ес уреди за следење на службени возила, на вработени во одбраната и за одбраната, како и за противпожарните служби, за поддршка на долгорочно невработени лица….
Во Предлог-буџетот за 2027 година вкупните приходи се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што е 5,7 отсто повеќе во споредба со 2026 година, а вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, што е за 4,8 отсто во споредба со 2026 година.
Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со фискалната стратегија за периодот 2027 – 2031 година.

Македонски




