
СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство при МВР и СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.К.(22), Р.А.(24), Ф.С.(25) и Р.Б.(23), сите од Република Турција, со привремен престој во Штип и Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ во обид и дека Р.Б. го сторил и кривичното дело „предизвикување општа опасност“, соопшти МВР.
Прво и второпријавениот К.А. и Р.А., кои се моментално на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово, со посредство на третопријавениот Ф.С., во периодот од 09.11. до 17.11.2026, во неколку наврати, преку телефонски контакти и директни средби на Ф.С. со Џ.О. од Турција, се обиделе да му изнудат пари, наводно стекнати на нелегален начин во државата. Имено, тие најпрвин му побарале 100.000 евра и му се заканувале и со семејството, но откако ги одбил сумата ја малиле на 40.000 евра. Откако ги одбил и за овааа сума, го поттикнале четврто пријавениот Р.Б., кој на 17.11.2026 на паркинг простор на ул.„Страшо Пинџур“ во Штип со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „ренџ ровер“, сопственост на сопругата на Џ.О..

Македонски




