
Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска изјави дека престојува во американска воена база откако добил закани од Иран, но е решен да продолжи со економскиот притисок врз Техеран. Бесант не ја прецизираше природата на заканите.
Ако Иранците ми се зад петиците, тоа значи дека се под притисок. Ќе продолжиме да го зголемуваме тој притисок, рече тој во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Би-Си.
САД и Израел почнаа да го напаѓаат Иран во февруари, а конфликтот продолжува да одржува тензии во регионот и покрај периодичните разговори за негово решавање, јавија американските медиуми.

Македонски




