
) – Во воведниот натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Башкими попладнево на гостувањето во Скопје ја совлада Шкендија Арачиново со 1-0.
Голот вреден три бодови за кумановскиот прволигаш го постигна капитенот Мурати во 64 минута.
Актуелниот шампион Вардар утре го пречекува Тиквеш, додека Скопје е домаќин на Арсими.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела кога лидерот Струга ќе ѝ гостува на Брегалница, додека второпласираната Шкендија ќе го пречека Силекс

Македонски




