
Фудбалските прволигаши денеска ќе одиграат два натпревара од седмото коло со што ќе стартува оваа рунда, која ќе се игра од денеска до понеделник.
Во Кавадарци Тиквеш ја пречекува екипата на Струга Трим Лум, додека Арсими е домаќин на Шкендија Тетово. Почетокот на двата натпревара е во 16 часот.
Утре (сабота) на програмата е дуелот меѓу Башкими и Вардар (почеток 16 часот), додека во недела од 15:45 часот во Кратово играат Силекс и Брегалница.
Последниот натпревар од седмото коло во понеделник ќе го играат ланските второлигаши Шкендија Арачиново – Скопје.

Македонски

