Skip to main content

Тешко повреден пешак во Чаир, втор за само три дена

архива

Скопјанец е тешко повреден откако во него удри камион во Чаир.

Како што соопшти МВР, вчера во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дижонска“ во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Камион удри и во шестгодишно дете во Чаир, пред само неколку дена:

Поврзани вести