
Телефонска закана за поставена бомба предизвика тревога во објект за обука на британската Кралска воена морнарица во Портсмут, поради што интервенирале воената и цивилната полиција.
По добиената закана, безбедносните служби го обезбедиле подрачјето, поставиле безбедносен кордон и извршиле проверки.
Според информациите што ги објави „Скај њуз“, непосредната опасност поминала, а при досегашните проверки, според првичните сознанија, не биле пронајдени опасни предмети.
Надлежните служби продолжуваат со истрагата за утврдување на околностите под кои била упатена телефонската закана.
Засега нема информации за идентитетот на лицето кое ја упатило заканата, ниту за неговите мотиви.

Македонски




