Skip to main content

Осум лица повредени во пожар во зграда во Охрид, приведен 55-годишен охриѓанец

Осум лица се повредени и пренесени во болница по пожар што денеска избувнал во зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Поради пожарот, жителите на зградата биле евакуирани, а полицијата лишила од слобода лице за кое постои основано сомневање дека го предизвикало пожарот.

Како што информираат од СВР – Охрид, станува збор за лицето Ц.Н. (55) од Охрид.

По пријавата на терен излегле полициски службеници, припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински екипи, при што била извршена евакуација на повеќе жители од зградата. Осум лица кои имале повреди и потешкотии при дишењето со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата болница.

Во координација со другите служби, СВР – Охрид презема дополнителни мерки за поддршка на станарите и смирување на состојбата.

По целосно документирање на настанот, против Ц.Н. ќе биде поднесена кривична пријава за „Предизвикување општа опасност“.

Поврзани вести