Skip to main content

Забрана за паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид поради самитот Брдо-Бриони

Полицијата од денеска спроведува засилени мерки за забрана на запирање и паркирање на булеварот „Туристичка“, во пресрет на состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 ноември ќе се одржува во Охрид.

Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Охрид, со засилени контроли на двете страни од булеварот. Тие ќе ги предупредуваат сопствениците на патнички и други моторни возила дека е забрането запирање и паркирање, како и користење на една од коловозните ленти како паркинг-простор.

Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на самитот и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта, како и останатите делови од градот. Од СВР Охрид најавуваат дека јавноста навремено ќе биде информирана за дополнителните активности.

Од полицијата апелираат до возачите да ги почитуваат насоките на полициските службеници.

Поврзани вести