
Водата во Струга е чиста и безбедна за пиење, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Таквата одлука, како што информира претпријатието, е донесена по добиените резултати од анализите на примероци, кои покажуваат заматеност во границите на нормалата.
Ве известуваме дека според резултатите од анализите на примероците на вода, од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид, примени денеска е констатирано дека нивото на заматеност е во границите на нормалата. По повторувањето на ваквите резултати четврти пат по ред, се укинува забраната за користење на водата за пиење – соопшти ЈП „Водовод и канализација“.
Забраната за пиење вода од градскиот водовод во Струга беше од 16 ноември, поради заматеност над 1,5 НТУ од мерните места во градот.

Македонски




