
Шестгодишно дете е тешко повредено откако во него удрил камион на улица во Чаир.
Како што соопшти МВР, вчера во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „362“ во Скопје, 48-годишниот М.С. од Скопје управувајќи товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрило во 6-годишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонски




