Skip to main content

Мопед удри во 10-годишно дете

архива

Вчера во 10:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од бул„Гоце Делчев“ со ул„Прилепски бранители“ во Прилеп, 35-годишниот М.И. од Прилеп, управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки удрил во 10-годишно дете од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница Прилеп.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Поврзани вести