Skip to main content

70-годишна возачка удри во 10-годишно дете

МВР архива

Десетгодишно дете е тешко повредено откако во него удрило возило управувано од постара возачка.

Како што соопшти МВР, вчера во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во неделата во 19:45 часот на крстосницата од ул.„Христо Татарчев“ и ул.„Франк Харкорт Манинг“ во Скопје, 70-годишната М.Г. од Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Поврзани вести