Skip to main content

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, десетици населени места без струја

Најавените снежни врнежи во Бугарија се остварија, а веќе се појавија и првите проблеми. Се очекува лошото време да продолжи и во наредните денови, при што температурите нема да се искачат над нулата барем до среда.

Снежните врнежи оставија десетици населени места без електрична енергија во регионите Враца, Монтана, Плевен, Ловеч и Софија.

Во Софија многу населби во саботата останаа целосно или делумно без греење.

Поради снежните врнежи, сообраќајот за тешки товарни возила беше ограничен на неколку планински премини.

Интензивниот снег ја намали видливоста во одредени делови долж главните автопатишта во Северна и Јужна Бугарија.

Поврзани вести