
Шпанија денес, 29 ноември, избира парламент откако спорот околу високите кирии беа повод за предвремени парламентарни избори. Премиерот Педро Санчез го распиша гласањето во октомври, кога пратениците ги отфрлија владините мерки за домување.
Шпанскиот премиер во технички мандат, Педро Санчез, од Социјалистичката партија (ПСОЕ), денеска гласаше на предвремените парламентарни избори и изрази уверување дека одѕивот ќе биде историски висок, како и дека има добро чувство во врска со изборите.
Тој пред новинарите на гласачкото место во мадридскиот округ Монклоа изјави дека „гласот е најголемата моќ“ и дека би било добро сите граѓани што имаат право на глас да излезат на гласање, објави шпанскиот јавен сервис РТВЕ.
-Колку е поголем одѕивот, толку подобро ќе бидат одразени ставовите на граѓаните и толку поголема ќе биде силата што владата ќе ја има за да продолжи да ги спроведува своите политики-рече Санчез.
Избирачките места во Шпанија се отворија утрово за предвремените парламентарни избори а повеќе од 100.000 припадници на Националната полиција и Цивилната гарда ќе се грижат за безбедноста на 22.493 избирачки места.

Македонски



