Skip to main content

Товарно возило се излизга на патот Куманово–Свети Николе, сообраќајот во прекин

На патниот правец Куманово–Свети Николе, пред селото Скачковце, утрово околу 8 часот, товарно возило со босански национални ознаки се излизгало и го попречило коловозот, информираа денеска  од СВР Куманово.

Возилото го управувал Н.П. (53), а поради незгодата патот е затворен за сообраќај. Нема повредени лица. Полициски службеници и екипа на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на патот и создавање услови за нормализирање на сообраќајот. 

Поврзани вести