Skip to main content

Давор Неќаќ прогласен за најдобра млад уметник во Хрватска

Во 2008 година, едно мало момче од Битола стоеше тивко во празната сала на Хрватскиот народен театар во Загреб, сонувајќи еден ден да зачекори под рефлекторите.

Точно 18 години подоцна, на истата таа престижна сцена, одекна неговото име.

27-годишниот македонски баритон Давор Неќак ја освои највисоката театарска награда во Хрватска – Наградата на хрватското глумиште за исклучително уметничко остварување на млади уметници до 30 години.

Ова големо признание му припадна за маестралната улога на Алберт во операта „Вертер“, поставена под режисерската палка на легендарниот трикратен оскаровец Данте Ферети, човекот зад култните филмови на Мартин Скорсезе.

Првите музички чекори Давор ги направи во родната Битола, а денес е постојан солист во Загреб и уметник пред кого се поклонува и светската критика.

Само пред неколку дена, реномираниот портал „ОпераВајр“ го издвои како најсветла точка во новата продукција на „Кармен“, а неодамна триумфираше и во прочуениот театар „Ла Фениче“ во Венеција.

Поради обврските на меѓународната сцена, статуетката во негово име ја прими директорката на Операта во Загреб, додека Давор емотивно порача дека уште како дете знаел оти театарот е неговиот вистински дом.

Поврзани вести