Skip to main content
0gRT6pDZ0kg

„Лефти и Рајти“ во декември во Синеплекс

По премиерата на 28 ноември во Македонскиот народен театар, Лефти и Рајти ја продолжуваат својата авантура во Синеплекс!

Во декември, публиката ќе има можност да ужива во специјални викенд-проекции на краткометражниот анимиран филм „Лефти и Рајти си најдоа дом“, по кој следува музичко-театарски перформанс во живо.

Гласовите на главните ликови во филмот ги позајмуваат Јелена Јованова и Гораст Цветковски, а актерската екипа ја сочинуваат и Тања Кочовска, Ева Скендеровска и Изабела Јакимова. Во филмот со своите гласови учествуваат и Јана Велева, Миа Велева и Александар Георгиевски.

Филмот е во режија на Илија Тодоровски, по сценарио на Наташа Дукоска и Билјана Црвенковска, со арт-дирекција на Хари Дудески, а анимацијата е изработена во Toon Motion Studios. Тематската музика е дело на Дина Јашари.

Филмот е во продукција на зАнимација продукција, продуцент е Нена Гиевска и креативен продуцент Наташа Дукоска, во копродукција со хрватската Minya Film i Animacija, со копродуцент Миљана Драгичевиќ.

Филмот е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC).

По филмската прекција во Синеплекс „Лефти и Рајти си најдоа дом”, Лефти и Рајти ќе излезат директно пред публиката.

Термините за проекциите и информациите за билетите ќе бидат објавени наскоро.

Поврзани вести