
Прилепчанец бил лишен од слобода поради безправна сеча на дрва, следува пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 12:30 часот во атар на село Слепче, општина Долнени, полициски службеници од полициското одделение – Ропотово го лишија од слобода В.К., на возраст од 43 години од Прилеп, бидејќи истиот бил затекнат како врши безправна сеча на огревни дрва не жигосани. При преглед одземени биле 1,20 метри кубни огревно дрво и моторна пила, по што се предадени на шумска полиција – информираат од МВР.
Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

Македонски




