
Лишени од слобода биле две лица во Струга. Едното управувало возило иако имало изречено активна забрана за управување, а кај другото била пронајдена дрога.
Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, синоќа во 20:20 часот на магистрален пат Нова Пожарна во Струга, полициски службеници од ОВР – Струга ги лишиле од слобода М.Ј., на возраст од 22 години од охридско село и Д.Ѓ., 37-годишно лице од Охрид.
При сообраќајна контрола на патот, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, што М.Ј. го управувал и по извршени проверки, констатирано било дека го управувал возилото, иако имал изречено активна забрана за управување на возило, додека при извршен преглед над нив, кај Д.Ѓ. – сопатник во возилото, пронајдена и одземена била бела прашкаста материја – информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот, додадоа од МВР, ќе следуваат соодветни пријави.

Македонски




