
Србија се се соочува со сериозни проблеми поради екстремната топлина и ниското ниво на водата во Дунав, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Ниш ТВ, предупредувајќи дека понатамошното намалување на нивото на реката може да предизвика големи тешкотии.
Ако падне за уште 30 сантиметри, готово е. Во земјите што имаат нуклеарни централи што зависат од нивото на водата, проблемот е уште поголем. Во секој случај, има безброј проблеми, а најголемиот е во Војводина, особено затоа што таму не врнело. Се јадам жив поради тоа. Нема такви проблеми во другите делови од земјата, само во Војводина, особено во делови од Банат, рече Вучиќ, пренесува Телеграф.
Тој додаде дека Србија се соочува со „10 дена пекол“ и предупреди на рекордна потрошувачка на електрична енергија.
А сега доаѓа најлошото време, 10 дена пекол. И не заборавајте дека сега трошиме многу електрична енергија, како да е Свети Никола. Сите се разгаленивме, никој не сака да го исклучи клима уредот“, рече тој.
Дунав, кој тече низ десет земји од југозападна Германија до Црното Море, се повлече на невидено ниски нивоа по поголемиот дел од својот тек. Ова откри карпи, песочни насипи и стари бродоломи кои ретко беа видливи досега.
Се очекува нивото на водата на Дунав дополнително да се намали во наредните денови, бидејќи прогнозата не предвидува значителни врнежи, додека температурите низ регионот се очекува да се искачат на повеќе од 38 степени Целзиусови.

Македонски


