
Три лица се поредени во несреќата што синоќа се случила на патарината кај Глумово, а во која учествуваа двајца моторџии и автомобил.
Во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на наплатна рампа Глумово, во правец кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(35) од с.Порој, тетовско, мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(45) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(43) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Клинички центар Тетово и ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонски


