
Девет лица се повредени, од кои двајца потешко во сообраќајката што утрово се случила околу 9 часот на патот од Градско на клучката за експресниот пат кон Прилеп помеѓу две патнички возила од Скопје и Битола.
Како што објавува МВР, во СВР Велес утрово околу 08:20 часот било пријавено дека на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „хјундаи“ и О.Г.(45) од Скопје, сопатничка во истото возило, а со телесни повреди се здобиле С.Д.(50) и С.П.П.(42), двете од Скопје, сопатнички во патничкото возило „хјундаи“, како и возачот на патничкото возило „ауди“ и сопатниците во неговото возило, М.Д.(18), А.М.(18) и двајца 17-годишници, сите од Битола, констатирани во Општа болница Велес, информираат попладнево од СВР Велес.

Македонски


