Skip to main content

77-годишник без возачка се судри со „волво“, две лица во болница

архива

Вчера во 18:35 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на локалниот пат кај с.Селце, прилепско се случила сообраќајна несреќа помеѓу  патничко возило „волво” со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Н.(46) од Прилеп и мопед „шинерај“ со прилепски регистарски ознаки управуван од А.П.(77) од Прилеп.

Полицијата констатирала дека возачот на мопедот не поседувал возачка дозвола.

Во несреќата возачот на мопедот А.П. и сопатникот И.Р.(68) од Прилеп со возило на Итна медицинска помош Прилеп биле пренесени во Градска болница Прилеп каде на А.П. констатирани му биле тешки телесни повреди, а кај И.Р. констатирани биле телесни повреди . Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп, соопшти МВР.

Поврзани вести