
Турскиот државјанин К. Е. (25), кој е осомничен за убиството на Русинката Људмила Туркова Константинова (28), беше уапсен во драматична акција што вчера се одвиваше на аеродромот „Никола Тесла“, во моментот кога се обидувал да избега од Србија. Како што дознава српски „Курир“, во последен момент, вишиот јавен обвинител во Белград, кој раководи со истрагата, издал налог до Граничната полиција да го приведе турскиот државјанин.
Припадници на Граничната полиција влегле во транзитниот простор и му ставиле лисици на уапсениот, кој се подготвувал да се качи во авионот.
Станувало збор за секунди. Буквално за помалку од една минута можело да се случи да ја напушти Србија – открива изворот на „Курир“.

Македонски


