
Новиот менаџер на Челзи Чаби Алонсо, кој како репрезентативец на Шпанија остави белег со освоена светска титула во 2010 и две титули во 2008 и 2012 година се осврна на моменталната состојба во светскиот фудбал откако ФИФА изјави дека ќе продолжи со консултациите за план за привлекување приватни вложувања за Светското првенство и другите турнири.
– Фудбалот мора да биде за луѓето, а не во приватни раце. И мислам дека начинот на кој го сакаме е таков. Видовме одлично Светско првенство и нешто што (треба) да остане на ист начин, добро е. Значи, да се брани интересот на сите луѓе, изјави Алонсо.
Премиерлигашот Челзи се наоѓа на подготовки во Австралија, а како дел на претсезоната турнеја. За неговиот тим следуваат натпреварите со Тотенхем, а потоа и со дуелите со Јувентус и Милан во рамки на азиската турнеја.

Македонски


