Skip to main content

Касемиро пред дебито во Мајами:  Мојата намера да бидам најдобар и да победувам не исчезнала

 Новиот фудбалер на МЛС екипата Интер Мајами, Бразилецот Касемиро истакна дека сè уште има желба да биде победник по неговиот трансфер како слободен агент. Воедно истакна дека му е чест да биде соиграч на Лионел Меси.

–   Мојата намера да бидам најдобар и да победувам не исчезнала. Во фудбалот, не знаеме дали ќе победиме или ќе изгубиме, но мојата посветеност и работа ќе останат исти, изјави Каземиро.

Тој рече дека Мајами бил неговата претпочитана дестинација.

Каземиро веќе и го одигра првиот натпревар за Интер Мајами против Монтреал, а неговата екипа победи со 1:0. Овој викенд Интер Мајами игра против Колумбус.

Инаку, 34-годишниот фудбалер освои пет титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, а подоцна со Манчестер Јунајтед ги освои Лига купот и ФА купот. Неговиот договор е до крајот на 2027 година, со можност за продолжување до јуни 2029 година

Поврзани вести