Skip to main content

15-годишник возел „ленд ровер“ низ Скопје во 1 часот по полноќ

Ноќва во 01:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје.

При сообраќајна контрола на ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести