
Тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола, одговарајќи на прашање за случајот со Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендери во РЕК „Битола“ вредни 1,7 милиони евра.
Тоа нема така да заврши, лично ви гарантирам, зошто лично ќе го следам овој процес, порача Мицкоски.
Тој најави дека допрва ќе има истрага за овој процес, затоа што од најдежното ОЈО имаат поинаков извештај од тој што е приложен како записник од страна на битолското Вишо обвинителство.
Вчера беше објавено дека судијата Вулнет Винца, кој беше претседател на кривичниот совет што одлучи да му го врати пасошот на битолскиот бизнисмен замина во пензија три дена подоцна. Адвокатот на Марковски, пак, за кого се пишува дека ја напуштил земјата, вели дека не избегал, туку дека е на работа во Србија.

Македонски


