
Претседателот на Основниот суд Струга, Вулнет Винца, кој беше претседател на кривичниот совет што одлучи да му го врати пасошот на битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, од денеска веќе не е судија поради исполнување на условите за старосна пензија.
Судскиот совет го отфрли неговото барање за продолжување на вршењето на судиската функција поради ненавремено доставување на потребната изјава. Воедно, советот констатира дека Винца месецов ги исполнил условите за старосна пензија.
Во изјава за „360 степени”, судијата Винца потврди дека тричлен кривичен совет, со кој претседавал лично тој, одлучил да му го врати пасошот на бизнисменот обвинет во случајот за РЕК Битола, кој, пак, вчера замина за Србија.

Македонски


