
Битолскиот бизнисмен Борче Марковски, кој е еден од обвинетите за случајот со РЕК „Битола“, не е избеган од државата, туку е на работни состаноци во Србија, вели за „Сакам да кажам“, адвокатот Марјан Николоски. Тој посочува дека Марковски има доставено гаранции и оти ќе се врати во земјава за неколку дена.
В сабота ќе биде во Македонија, денес и утре е на состаноци во Србија каде има сериозна фирма која без него не може да функционира. И затоа беше побаран пасошот. Има сериозна гаранција оставено во судот. Сабота околу пладне ќе биде во Македонија. Не станува збор за бегање, тоа нема апсолутна врска со вистината. Легално ја помина границата оти бизнисот во Србија му е сериозен и мора да функционира. Ако е осомничен не значи дека треба да ги затвори сите фирми, вели Николоски во изјава за СДК.

Македонски


