Skip to main content

Се фатиле за коси: Три жени се степале за паркинг место во скопски Карпош

Физичка пресметка поради недоразбирање за паркинг место била пријавена на подрачјето на скопската населба Карпош.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, утрово околу 09:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека, по претходно недоразбирање околу паркирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М. (44) од една страна и А.Н. (23) и Т.Н. (55), сите од Скопје, од друга страна.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести