Skip to main content

Албански газда на клуб се расфрла со кеса пари во соблекувалната

Голема прослава владееше во соблекувалната на Динамо од Тирана, откако албанскиот тим ја елиминираше Ауда во квалификациите за Конференциската лига.Во реваншот од третото квалификациско коло, Динамо победи со 4:0 на домашен терен, надоместувајќи ја негативата од 1:0 од првиот натпревар.

Видео од сопственикот на клубот, Ардијан Барди, како влегува во соблекувалната со торба полна со пари стана вирално на социјалните мрежи.

Тој скандира заедно со играчите, потоа ја кине торбата и ја фрла на подот, а парите се расфрлаат.