
Ведрана Рудан, која почина по долга и тешка борба со болеста, сакаше нејзиното последно збогување да се одржи подалеку од очите на јавноста. Семејството ќе ја почитува нејзината одлука, па затоа само најблиските ќе се збогуваат со писателката, без присуство на јавноста и медиумите.
Како што објавија хрватските медиуми, местото и времето на последното збогување нема да бидат објавени, токму затоа што желбата на Ведрана беше тој момент да остане интимен и резервиран за семејството.

Македонски


