
Тројца жители на Прилеп се лишени од слобода во Охрид, откако кај еден од нив била пронајдена дрога, а при последователен претрес во станот што го користеле биле откриени повеќе видови наркотични и други сомнителни материи.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 26 јули, околу 01:20 часот, за време на концерт во спортскиот центар „Билјанини Извори“, полициски службеници го привеле 30-годишниот Б.Р. од Прилеп, кај кого биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја.
Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во станот што го користел заедно со Г.Ј. (32) и С.Н. (33), исто така од Прилеп. При претресот биле пронајдени марихуана, повеќе таблети, грендери со остатоци од марихуана, стаклен предмет со печурки, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тројцата се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонски



