
Триесетина затвореници осудени во Шведска за тешки кривични дела се подготвуваат да почнат да ги издржуваат затворските казни во Естонија следната недела, врз основа на договор потпишан од двете земји минатата година.
Тоа е првата група од договорените 300 затвореници кои се испраќаат во Естонија поради пренатрупаност на затворите во Шведска, а за ова Стокхолм ќе ѝ плаќа на Естонија околу 30 милиони годишно.
Според Советот на Европа, пренатрупаноста на затворите во Шведска е на рекордно ниво, на што влијаел порастот на организираниот криминал и усвојувањето на строги мерки, додека од друга страна, Естонија има речиси половина празни затворски ќелии и втора најниска стапка на пополнетост на затворите во ЕУ (околу 58 проценти).

Македонски


